Kaко што се доближува крајот на трансфер периодот, се погласни се шпекулациите дека трансферот на Килиан Мбапе од Монако во ривалот ПСЖ е завршена зделка. Реномираните француски спортски весници веќе јавија дека ПСЖ се согласил да ја плати откупната клаузула на младиот Французин, цели 180 милиони евра, а според фотографиите кои денес беа објавени на социјалните мрежи, се чини дека Монако веќе има обезбедено замена за Мбапе.
Слики од црногорскиот репрезентативец, Стеван Јоветиќ денес се појавија на социјалните мрежи со информацијата дека Монако веќе му го дал бројот 10 на напаѓачот кој минатата сезона го носеше Мбапе. Доколку овие фотографии се веродостојни и не се работи за фото-монтажа, ова дефинитивно значи дека со трансферот на Мбапе за 180 милиони евра по оној на Нејмар за 220 милиони, ова е најлудиот трансфер период во историјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.