| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Шумахер возеше во легендарниот болид на татко му (видео)

Синот на Михаел Шумахер, осумнаесетгодишниот Мик Шумахер, го возеше култниот болид на Рено Бенетон во кој неговиот татко во 1994 година ја оствари својата прва „Гранд при“ победа.

Младиот Мик беше импресиониран од вниманието кое го доби од јавноста. Тој возеше неколку километри од култната патека во чест на неговиот татко кој се уште се бори со ситуацијата во која е западнат откако падна на скијање. Мик вели дека е изненаден од интересот на медиумите кон него.

Никогаш немам искусено толку големо внимание во мото спортот. Навистина сум среќен што ми беше дозволено да возам овде. Се чувствувам чудно во болидот, многу поразлично од Ф4“, истакна Мик Шумахер.

Инаку, цел изминат викенд во Белгија помина во знакот на Шумахер, откако Луис Хамилтон ја оствари својата 68 пол позиција во кариерата и со тоа се изедначи со легендарниот германски возач Михаел Шумахер. Хамилтон потоа и славеше победа за Големата награда на Белгија. Британецот започна од првата позиција и за време на целата трка беше во предност пред Себастијан Фетел од Ферари. Германскиот возач на крајот го освои второто место, а трет беше Даниел Рикардо од Ред Бул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top