Во насилството што избило на северот на Индија поради пресуда на водачот на една секта за силување, загинаа 28 лица, а повеќе од 250 се повредени.
Разулавената група демонстранти ја запалила зграда на владата на Индија, напаѓала полицајци и кршела прозорци на автомобили во градот Панчкула во индиската држава Харајана.
Полицијата употребила солзавци и водени топови и испукала неколку предупредувачки истрели од огнено оружје за да ја растера толпата.
Повеќе од 1.000 поддржувачи на осудениот гуру се приведени поради подметнување пожари и уништување јавен имот.
Судот во Индија го осуди водачот на верската секта поради силување на двајца следбеници, што доведе до протести на повеќе илјади луѓе во близина на судницата.
Судот донесе пресуда за 15 години стариот случај против верскиот лидер, кој себеси се нарекува свет доктор Гармит Рам Рахим Синг Џи Инсан, соопштија индиските власти.
Гуруто, кој ги негираше обвиненијата, на сослушувањето стигна со конвој од стотина автомобили.
Членовите на неговата секта Дера саша сауда тврдат дека имаат околу 50 милиони следбеници и се залагаат за вегетаријанство и се против консумација на наркотици.
извор:макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)