| четврток, 6 декември 2018 |

Чак Норис преживеал два инфаркта за 45 минути

Актерот Чак Норис во јули доживеал два силни инфаркти во ист ден, во период од 45 минути.

Првиот напад го имал по враќањето во собата во хотелот во Лас Вегас каде престојувал со сопругата. Веднаш е префрлен во болница а таму доживеал уште еден срцев удар.

Актерот сега се чувствува добро.

Странски медиуми пишуваат и дека 77 годишниот Норис „бил близу до смртта“, но издржал.

Норис во Лас Вегас бил на натпревар по борешки вештини „United fighting arts“.

Вицевите за актерот секогаш наидуваат на урнебесни реакции. Во шегите тој секогаш се претставува како неуништлив, а со овие непријатни моменти тоа навистина се докажа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top