Гена Норис(54), сопруга на Чак Норис, веќе четири години се бори со проблемите со бубрезите и ужасни болки во нервниот систем. Кога почнало се, вели, била убедена дека ќе умре, а и денеска се уште е со исти болки. Вината за тоа и таа и Чак ја препишуваат на магнетната резонанца на која одела поради ревматидниот артритис.
Попрецизно, како причина за нејзината лоша состојба, Чак и Гена ја сметаат инекцијата која ја добила пред резонанцата. Инекцијата е стандардна во вакви ситуации, а содржи боја која ја зголемува јасно снимката и нагласува поединечни органи како радиологот полесно би поставил дијаноза.
Во случајот на Гена, инекцијата содржела гадолиум, тежок метал кој има магнетни својства, а Гена е убедена дека тоа и го уништило животот.
-Се откажав од филмската кариера како би се посветил на жена ми.Цел ден ми минува само во настојување да ја одржам жива-рекол актерот за списанието Гуд Хелт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.