Чак Норис е една од најголемите карате-ѕвезди на сите времиња, играл во многу филмови и секогаш ги победувал негативците. Од него се плашеле, за него се раскажуваат вицови и легенди, а интернетот ја надуба неговата популарност до ѕвездите. И додека природно секој смртник на светот се плаши од Чак Норис, има едне човек кој нема страв од него. Секако, тој еден е Мајк Тајсон.
Се зборува дека Тајсон бил сомничав кон Норис, верувал дека овој сака да му ја земе првата жена, Робин Гивенс.
Поранешен телогхранител на Тајсон, познат под името Т, раскажува дека слушнал трачеви дека Норис често ѝ се јавува на Робин, заводно за да ѝ даде улога во негов филм.
Кога се согласила да се видат на ручек, му рекла на телохранителот дека Норис е одбиен, агресиве и прилично директен. Тајсон бил отсутен, зашто се подготвувал за борба, па Т се грижел за неговата куќа, но и за Робин.
-Мајк многу тренираше во тоа време, беше машина, па не знаеше или не го иснтересираше што рпави Робин. Сеедно, Робин еднаш ми се довери дека тој тип со брада ја малтретира, па сакав да одам кај него и да му кажам да ја остави на мир. Но, Мајк дознал и стигна пред мене бесен. Норис не беше дома, па ми текна совршена идеја. Го поканивме на борба. На 27 јуни 1988 година Норис влезе во возбудено во бекстејџот во Конвенционалната сала во Атлантик Сити. Беше вистински ВИП гостин и немаше поим зошто е повикан.
Отиде кај Тајсон, кој се подготвуваше за борба. Му пријде и почна нешто да се лигави: „Шампионе, бла бла“, а Мајк го зграби за рака, го повлече кон себе и го удри со глава. Чак падна како вреќа, а Мајк му порача: „Само продолжи да се врткаш околу жена ми, ќе ти го уништам целиот свет“ и мирно седна и почна да си ги врзува рацете и да се подготввуа за мечот. ЈАс го зинесов Норис замотан во ќебе. Мајк ја доби таа борба и мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.