Најмалку триесет лица се мртви по немирите кои се избувнаа вчера во две држави во северна Индија откако Судот пресуди дека верскиот гуру Рам Рахим Синх е виновен по обвиненијатаа за силување на две од неговите следбенички.
Индиската армија вчера пристигна во радот Панчкула кратко откако Судот пресуди дека Рахим Синх е виновен. Самопрогласениот „човек на Бога“ и лидер на сектата „Дера Сача Сауда“ беше однесен во притвор, а во понеделник по формалното читање на пресудата се очекува да биде префрлен во државниот затвор во државатта Харуана.
Властите во Индија потврдија дека до вчера вечер билансот е најмалку триесет мртви и 250 повредени во немирите. Во делови на Харуана и Пинџаб прекината е кабловската телевизија и интернетот откако 200,000 членови на сектата ги поведоа демонстрациите кои потоа прераснаа во насилства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)