| четврток, 6 декември 2018 |

Утре привремен сообраќаен режим на крстосницата на бул. „Трета македонска бригада“ и ул. „Никола Карев“

Градот Скопје ги информираше граѓаните дека утре – 26.08.2017 година, (сабота) во периодот од 10 до 15 часот ќе се изведуваат градежни работи за асфалтирање на крстосницата на булеварот Трета македонска бригада со улицата Никола Карев, поради што на оваа крстосница ќе се воведе привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот и доколку се во можност, во своето движење да ја користат околната патна мрежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top