| четврток, 6 декември 2018 |

Привремен сообраќаен режим во недела на „Трета македонска бригада“

treta makedonskaПривремен сообраќаен режим во недела од 8 до 20 часот на улицата „Трета македонска бригада“.

Како што соопшти Градот Скопје измената е поради изведување на прекопи за поставување подземни инсталации на дел од улицата „Трета македонска бригада“, на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“.

На коловозот ќе биде поставена соодветна патна сигнализација.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top