Едно лице е потешко повредено во сообраќајната несреќа која се случи попладнево на булеварот „Трета македонска бригада“ во близина на средното хемиско училиште, во скопската населба Аеродром.
Од СВР Скопје информираат дека во несреќата која се случила околу 17:20 часот учествувале „Фиат“ и „БМВ“ двете со скопски регистарски ознаки.
Според првичните информации, во несреќата со повреди се здобил возачот на Фиатот кој е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, но детали за неговата здравствена состојба и карактерот на повредите не се познати.
Полицијата на местото на несреќата извршила увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром