| четврток, 6 декември 2018 |

Скриено бегство од „Идризово“: Четири затвореници пуштени на слобода за да извршуваат валкани работи на изборите во корист на Заев?

Две верзии на еден ист настан. Пред неколку дена во редовниот билтен МВР информира дека во затворот „Идризово“ пред објектот на женско одделение на затворот биле забележани машки лица со маски на главите кои фрлале предмети кон прозорците од објектот. Откако затворските службеници ги забележале двете лица, коишто по претходно предупредување „стој!“ не застанале, од службена автоматска пушка и пиштол во воздух испукале по два предупредувачки истрела. Непознатите лица се оглушиле на предупредувањата и побегнале во правец на селото Идризово.

Детали за вооружената драмата пред женскиот затвор во Идризово

Постојат индиции дека власта сакаше да заташка дека се работи за успешен обид за бегство од затворот „Идризово“, пишува Журнал.

Неофицијално, дознава порталот, станува збор за четворица затвореници осудени за тешки кривични дела, за кои било договорено да избегаат со помош на криминалци на кои Заев им продавал снимени разговори, а за сметка на тоа тие треба да ослободуваат терористи и тешки криминалци кои ќе му се на располагање на Заев за локалните избори.

Бандитската група која добива разговори од Заев потоа рекетира политичари и бизнисмени, за што добива дебели пари, па токму поради тоа се сложила да учествува во ова сценарио на Заев за фалсификат и кражба на локалните избори во Македонија.

Она што отвора простор за сомнеж е прашањето како е можно лица со маскирни капи да влезат воопшто во затворот.
Според неофицијални извори на порталот Журнал, кога криминалната група се приближила до затворот, чуварите најпрво изреагирале по службена должност и се обиделе да ги запрат, после што едниот од нив го покажал пиштолот на ремен и на нечист македонски им рекол: „Што се чудите бе кога знаеш и ти и ти дека е договорено“. Снимките од целата операција биле избришани, дознавава Журнал од извори од затворот.

Маскираните лица биле дел од поголема група која била пуштена слободно да влезе во затворот и да ослободи неколку затвореници на кои Заев им ветил дека ќе бидат ослободени уште во кампањата за парламентарните избори.
Тоа го сведочат и коментарите на затвореници на Фејсбук неколку дена пред настаните, кои прашуваа јавно кога ќе биде исполнето ветувањето од Заев дека ќе ги ослободи од затвор и оние за тешки криминални дела. Се обиде да ги смирува криминалецот и пријател на Заев, Захир Бекири Чауш, ветувајќи им дека наскоро Заев ќе ги ослободи сите:


Чауш е во затвор поради фалсификување пасоши и лични карти по барање на Заев и СДСМ со цел да бидат искористени против ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги дека се печателе лични карти за да се фалсификуваат изборите во 2014 година кои Заев убедливо ги загуби. Шемата во која учествуваа и медиуми како „Фокус“ беше пробиена, но во затвор, засега, заврши само Чауш.

Сега повторно со помош на криминална мрежа Заев ќе се обиде да фалсификува не приказна за избори, туку – самите избори. Сепак, проценките на аналитичарите, анкетарите и експертите говорат дека и покрај овој обид за кражба на 40.000 гласови колку што во СДСМ процениле дека ќе успеат да фалсификуваат, сепак Заев ќе ги загуби локалните избори и тоа убедливо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top