| четврток, 6 декември 2018 |

Роднините на починатите новороденчиња го демантираат министерот Таравари

Роднините на трите починати новороденчиња, го демантираат министерот за здравство Таравари, објави косовскиот портал „Телеграфи“.

Денеска ова Министерство излезе со изјава дека медиумите шпекулираат за немањето на опрема во скопската клиника. Роднините го прашуваат министерот дали знае колку новороденчиња беа родени вчера во скопската клиника.

Според информациите во болницата денот кога се случи ова имаше 55 раѓања а болницата има вкупно 18 инкубатори. Од министерството кажаа дека скопската клиника ги контактирала родителите и дека неколку пати се разговарало и му било објаснето за состојбата на новороденчињата, третманот, како и за можностите за преживување. Исто и ова ни малку не е вистина, според роднините едното новороденче починало дента околу 12 часот, второто починало во 19 часот а третото во 22 часот навечер, а родителот бил контактиран во 23 часот и му било кажано да оди дома да се одмори а наредниот ден да оди во болницата за да го информираат за состојбата на новороденчињата, таткото на новороденчињата не знаел дека тие починале се до наредниот ден.

Беше најавено дека во текот на денот, министерот ќе се сретне со родителите на починатите новороденчиња како и со целиот персонал кој бил одговорен да се грижи за новороденчињата. Денеска ниту родителите биле контактирани од министерот Таравари или некој друг, а ниту била договорена средба за разјаснување на трагичната ситуацијата која му се случи на фамилијата Исени од тетовското село Доброшти, пишува „Телеграфи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top