| четврток, 6 декември 2018 |

Јоци: Палатата на раководителот на Сектор за јавни набавки на Андреј Жерновски полуксузна од куќите на Заеви

Куќава во Горно Соње, со базени и чуда, е на Горан Ефремовски, раководителот на Сектор за јавни набавки на Андреј Жерновски, градоначалникот на Општина Центар. Вработен, преку Агенцијата за вработување, поточно ангажиран во Центар од 2013 година, во мандатот на Жерновски.
Искрено, не знам дали и Зоран Заев, кој е милионер со приватни фирми, поседува нешто вакво, продолжува истражувачката сторија на политикологот Јорданка Ивановска Јоци за криминалот во пашалакот на Ангреј Женовски.

„Ефремовски е оној со џипот „BMW“, кој го постирав пред некој ден. Еве, џипот, повторно може да го видите и на фотографиите пред неговата куќа. Во прилог може да го видите и имотниот лист за сопственост и грандиозната палата на раководителот. Исто така и поглед од горе, од Гугл мапс.“, пишува Јоци, која го истражува богатењето на општинските службеници, вработени во времето на Жерновски, кои иако се на низок хиерархиски ранг во општината, успеале да станат сопственици на луксузен возен парк и вртоглаво скап и луксузен недвижен имот.

Прашања до градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Кои, мора, да ги одговори на своите гласачи. Затоа што, секој кој работи во јавна институција, зема плата од даночни обврзници, едноставно МОРА да дава отчет и за купен точак, камоли за луксузни палати, џипови, карактеристични за бизнисмени од висок ранг или оскаровци.

Значи, Жерновски.

  1. Кога е изградена куќата, дали во твој мандат и на кој начин раководителот на јавни набавки се стекнал со неа и со џипот?
  2. Како се стекнуваат вакви луксузни имоти со плата од 40-50.000 денари, поточно како се станува милионер како вработен во Општина Центар?
  3. Дали и кога мислиш да го викнеш Државен завод за ревизија и на сите нас, да ни докажеш дека јавните набавки во Општина Центар се чисти и дека нема криминал?

Повели, Жерновски. Имаш збор. 
Не си веќе жртва. Напротив, после 4 години, ти и вработените, сте веќе за сеопфатна ревизија.“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top