| четврток, 6 декември 2018 |

Петти обид за конститутирање на косовскиот Парламент

Два и пол месеца по предвремените парламентарни избори во Косово денеска ќе се направи петиот обид за конституирање на Парламентот, со избор на претседател и заменици претседатели на оваа законодавна институција, соопшти Танјуг.

До денеска, меѓутоа, ниту една од косовските коалиции и партии со најмногу освоени мандати во Парламентот официјално не соопштила дека успеала да обезбеди парламентарно мнозинство.

Според косовскиот Устав, само победничката коалиција, околу Демократската партија на Косово, има право да предложи претседател на Парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top