| четврток, 6 декември 2018 |

Отчет на градоначалникот Коневски: Аеродром е една од ретките општини која не должи ниту денар (Видео)

Изминативе четири години општина Аеродром активно и напорно работеше на урбанизација, раззеленување, разубавување на просторот на својата територија, но локалните власти не ги запоставија ниту областите на образованието, културата, спортот. Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски денес го објави отчетот на општината кој може да се погледне како видео, но е достапен и во печатена верзија.

–  Со особена гордост можам да соопштам дека Аеродром е една од ретките, ако не и единствена општина во Македонија, која нема ниту денар долг и има обезбедено средства за наредните 4 години. Тоа се должи исклучиво на одговорно и домаќинско работење. Пред вас е отчетот од нашето работење. Ве молам внимателно да го прочитате! Тоа е нашата посветена работа, која носи подобро утре, вели Коневски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top