| четврток, 6 декември 2018 |

Аеродромци одлучно кажаа „НЕ“ за доселување на мигранти во општината (Видео)

Обединети под граѓанската иницијатива „Будење“ во општина Аеродром се спротиставуваме на идејата за населување на мигранти во нашата општина, ова денеска го изјави Марија Јакимовска од граѓанската иницијатива „Будење“.

– Да ја спречиме одлуката на владата на СДСМ за доселување на мигранти, бидејќи после тоа ништо нема да биде исто. Доселувањето на мигрантите ќе значи намалување на платите и евтина работна сила, губење на работни места, наместо за трошење на пари за изградба на училишта, градинки, игралишта и паркови, ќе се трошат пари на станови и куќи за мигрантите и помалку пари за платите и социјалната помош, истакна денеска Јакимовска.

Во текот на денот, голем беој на жители од оваа општина, пред тргвоскиот центар Бисер, ставија потпис на иницијативата за спречување на населувањето и градење на мигрантски населби во Аеродром.

– Нивното доселување во нашата општина ќе значи и зголемување на криминалот и небезбедни градови, како и менување на демографската карта на градовите, затоа иницираме до советот на општината распишување на референдум по однос на ова прашање. Ќе собираме потписи за спречување на населување на мигранти, дополни Јакимовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top