| четврток, 6 декември 2018 |

Кумови какви што немало на ниту една свадба до сега (Фото)

Одлуката за тоа кој ќе ви биде кум на свадба секогаш е тешка, а на Балканот се уште важи дека кумот останува пријател на семејството се цел живот. Ема Ли и Шејн Метјуз се венчале во Кембриџ, Англија, а кумови им биле нивните кучиња, маламутите Нико и Фил.

– На повеќето места каде што баравме да ја закажеме нашата венчавка, не им се допаѓаше идеја со кучињата, ни велеа дека имаат свои правила и многумина не сакаа да не примат, изјавила Ема.

На крајот сепак младенците нашле начин да ја направат свадбата како што тие ја замислиле.

– Нико и Фил во ниту еден момент не се одвоија од нас и беа дел од целата церемонија, додала таа.

По церемонијата, симпатичните кумовите биле во центарот на забавата, а Фил на себе имал закачено камера преку која ја снимил целата забава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top