По заминувањето на една од нивните најголеми ѕвезди Нејмар во ПСЖ, двата порази од Реал Мадрид, синоќа навивачите на Барселона биле „жртви“ и на хакери кои ги излажале дека клубот има ново засилување.
Имено, Анхел Ди Марија беше замената за Нејмар и нов играч на Берселона, барем неколку часа. Тоа го мислеа сите навивачите на каталонскиот гигант кога ваква вест се појави на нивниот официјален Твитер профил.
Меѓутоа во прашање бил хакерски напад, некој одлучил да си поигра со емоциите на фановите на каталонскиот гигант, рано утрото Барселона ја избриша објавата и потенцираше дека во прашање бил хакерски напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.