Анхел Ди Марија повторува дека нема намера да ја менува средината, и покрај тоа што откри дека имал недоразбирања со Унај Емери минатата сезона. Аргентинскиот репрезентативец настапи на 43 средби во сите натпреварувања за ПСЖ во сезоната 2016/17, но првиот дел од сезоната ќе сака да го заборави што побрзо, бидејќи на првите 19 меча постигна само еден гол.
Иако „Светците“ не можеа да се потпрат на неговите квалитети во одредени ситуации, Ди Марија знае дека не треба да се докажува, ниту пат да има сомнеж околу неговите квалитети. Иако се појавуваат шпекулации од Италија дека би можел да ја продолжи кариерата во Интер, 29-годишниот крилен напаѓач потенцира дека останува на „Паркот на принцовите“.
– Нема дилеми, јас сакам да останам во ПСЖ, но последниот збор го има клубот. Доколку сметаат дека не сум им потребен, ќе најдам нова средина, но вистината е дека тука и јас и моето семејтсво сме среќни. Знам дека минатата сезона не беше баш најуспешна. На почетокот не се разбиравме со тренерот, не можев да разберам што точно бара од мене. Но, како што поминуваше сезоната, од натпревар на натпревар се подобрувавме и пронаоѓавме заеднички јазик. Се надевам дека ќе продолжиме со напредокот и следната сезона. Секако дека атакуваме на сите фронтови. Минатата сезона освоивме два купови, но го изгубивме првенството и бевме елиминирани во ЛШ, наредната сезона се надевам дека ќе завршам со повеќе трофеи во моите раце – истакна Ди Марија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.