| четврток, 6 декември 2018 |

„Милан“ утре доаѓа во Скопје, но нема да одржи официјален тренинг

Фудбалскиот клуб „Милан“ утре доаѓа во Скопје, но според најавите нема да го одржи официјалниот тренинг. Најавена е единствено прес конференција. Тимот имаше успешен старт на сезоната, четири победи на четири натпревар и без ниту еден примен гол.

Покрај триумфот против „Шкендија“ на Сан Сиро, „Милан“ во првото коло од калчото славеше со 3-0 над „Кротоне“, има и две победи против „Крајова“.

„Шкендија“ посакува добро издание и резултат за да го поправи впечатокот од првиот натпревар, но ке биде многу тешко да се изненади апсолутниот фаворит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top