| четврток, 6 декември 2018 |

Моментот кога 7-месечно бебе е извлечено живо од урнатините во Италија(видео)

Земјотрес, со јачина од 3,6 степени според Рихтер, вчера го погоди популарниот италијански туристички остров Искја и со себе однесе два животи.

Седум часа по земјотресот, седуммесечно бебенце беше пронајдено живо под урнатините, откако беше слушнат неговиот плач.

Спасувачкиот тим успеа да го извлече малиот Паскал и да го врати во рацете на неговата бремена мајка. Бебенцето беше закопано под рушевините седум часа, а моментот на спасувањето беше овековечен во видео.

Двајцата браќа на малото бебенце исто така беа заробени под рушевините. Единаесет часа по земјотресот, беше спасен неговиот 7-годишен брат Матијас, додека спасувачите сè уште се обидуваат да го извлечат 11-годишниот брат Сајрус.

Во земјотресот биле повредени над 35 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top