ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение обвини дека Владата на СДСМ не ги исполнила ветувањата дадени пред граѓаните, а единствено успеала да ја задолжи државата.
Во соопштението се наведува дека министерот за финансии секој ден распишува аукции на државни хартии од вредност, а граѓаните немаат никаков бенефит од тоа.
– Граѓаните од оваа влада за неполни 3 месеци од реформи видоа само долгови. Министерот за задолжување Тевдовски досега ја има задолжено Република Македонија со 334 милиони евра, по основ на повлечени пари од девизните резерви и издадени државни хартии од вредност. Волшебниците од СДС, за овие 80-тина дена на дневно ниво ја задолжуваат државата за речиси 4.175.000 евра, пишува ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека граѓаните имаат право да знаат каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толкави суми на пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)