Европратеникот Ангел Џамбаски како и многу други бугарски политичари пред медиумите во соседството детално го образложува договорот меѓу Бугарија и Македонија потпишан од Зоран Заев и Бојко Борисов. Со секое наредно интервју јавноста има можност да се запознае со сите детали и обврски кои произлегуваат од договорот, нешто што Заев на македонската јавност не и даде можност пред да дојде до потпишување на истиот, веројатно свесен за неговата штетност и плашејќи се од можната реакција на граѓаните.
Но, она што Заев го крие, Бугарите го користат за да се гордеат, фалат и да си подигаат поени. Тоа за нив е и сосема нормално, имајќи предвид дека Заев ги заврши 10-годишните разговори за договорот „за 10 минути“ очигледно прифаќајќи ги сите максималистички барања на Бугарија, а не изборувајќи се за ниту една позиција на македонскиот национален интерес.
Досега на целата јавност и стана јасно дека токму преку договорот со Бугарија, Заев им даде можност на своите колеги во Софија било кога во иднина да употребуваат вето против евро-интеграциите на Македонија доколку Македонците не се сложат на комплетна промена на историјата на Македонија, односно на позициите на бугарија според кои македонскиот народ, историја и нација имаат бугарски карактер. Ова е се благодарение на политиките на свиткана кичма и антипатриотизам на Зоран Заев и неговите соработници кои во договорот со Бугарија не само што со потпис се откажаа од било каков однос со македонското малцинство во Бугарија, туку и потпишаа документ во кој воопшто не се споменува македонскиот народ – туку „народот во Република Македонија“ кој според бугарската страна – не е македонски, туку Бугарски.
Доказ плус е и ставот на европратеникот Џамбаски, инаку дел од партијата ВМРО-БНД водена од Минситерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов, кој вели дека во Егејскиот дел на Македонија локалното население зборува на бугарски јазик, како и дека егејска Македонија е „одамна окупирана бугарска територија од страна на Грците“.
Новинар: Зоран Заев во Подгорица претстави неколку имиња со кои мора да се реши прашањето за проблемот меѓу Грција и Македонија, за проблемот со името на крајот на краиштата, пред потпретседателот Пенс. Според вас, можно ли е, реално ли е да зборуваме за откочување на тој проблем меѓу Атина и Скопје?
Џамбаски: Последната информација која ја читав од прес службата на Владата на Република Македонија ја негира дискусијата за имињата, но таа посекако треба да се случи. Се разбира, Грција го одржува овој проблем не затоа што толку ја интересира името, тоа не е важно за нив. Тоа кое повеќе ги вознемирува Грците е можноста населението на т.н. Северна Грција, инаку одамна окупирана бугарска територија, населението да ја спомне својата припадност. Ако прошетате по тие села во Костурско, Леринско, Воденско, можете без проблем да зборувате со локалното население на „нашински“ јазик, тие нема да ви кажат дека тоа е бугарски затоа што се плашат од грчката полиција која ги демне насекаде, но зборуваат на „нашински“. Тоа е основната причина. Така што решението на тој проблем треба да биде најдено на некаков начин, има многу варијанти, јас нема да ги откривам нив бидејќи тие треба да бидат откриени од Скопје.
Џамбаски открива дека Заев има неколку имиња како можно решение на спорот со Грција, меѓутоа европратеникот не ги открива бидејќи „кое од нив ќе го одбере за да го смени името на државата треба да каже самиот Заев, а не тој“.
Џамбаски заедно до пратеникот на ГЕРБ Андреј Ковачев се автори на резолуцијата до Европската комисија со која се изборија за признавање на бугарско малцинство во Албанија, благодарение на етничките Македонци кои живеат во Албанија и кои поседуваат бугарски пасош од економски причини, за работа во ЕУ
Со овој потег Џамбаски и Ковачев продолжија со спроведување на великобугарската политика „врзувајќи“ ги Бугарија и Албанија како две земји во кои живеат претставници на ист народ – со што наредниот чекор ќе е да се „побугарчи“ цела Македонија. За тоа на помош им дојде Зоран Заев со потпишувањето на црниот договор со Бугарија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


