| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерката заљубена во докторка-Ана Брнабиќ е во врска со преубава русокоса!

Премиерката Ана Брнабиќ е во емотивна врска со докторка од Белград, која важи за вистинска убавица,откриваат српските медиуми.Откако Ана стана премиерка, ги проретчи појавувањата во јавност со својата долгогодишна партнерка, иако нивната врска, како што открива извор близок на парот, никогаш не била тајна за најблиските роднини и соработници на српската премиерка.

-Девојката на Брнабиќ е атрактивна докторка во една од белградските медицински установи. Двете се посветени на кариерата и една на друга, што веројатно е прв услов за стабилна врска, каква што тие изградиле за време на годините. Во последно време ретко се појавуваат заедно, но тоа е поради обврските кои Ана ги превзела како премиерка-рекал изворот.

Претседателаката на Владата на Србија неодамна се вратила од годишен одмор, кој го искористила со партнерката да скокне до Хрватска, односно до Крк, каде Брнабиќ има семејна куќа. Меѓу оние кои имале можност да ја запознаат убавата девојка на новата шефица на Владата, биле и министрите.

Како што веќе се пишуваше, Ивица Дачиќ бил посебно маѓепсан од  девојката на премиерката, која ја запознал додека Ана била само министерска во владата на Србија.

-Дачиќ тогаш покажа дека не може да остане рамнодушен пред атрактивни жени. Иако згодната докторка ја запознал како девојка на колешката Бранабиќ, Дачиќ пред неа рекол:Штета што така добра риба не сака мажи!Испаднала незгодна шега, но Ана не му замерила. Останало на тоа дека Дачиќ направил штос, што го охрабрило да не се откаже, па и понатаму се обидувал да ја шармира-открил извор од таа средба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top