Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека српските надлежни органи утврдиле и докажале дека против Србија е извршено разузнавачко дејствување и оти поради тоа е повлечен персоналот од српската Амбасада во Македонија.
– Нашите надлежни органи утврдија и ни дадоа докази и сознанија за разузнавачко дејствување против институциите на Србија- изјави Вучиќ пред новинарите.
Тој порача дека без разлика на сѐ Србија ќе продолжи да негува пријателски односи со Македонија.
– За седум до десет дена работите ќе бидат појасни – потенцираше Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста