Министерството за внатрешни работи ги прегледува видеоматеријалите од протестите пред Општина Центар, каде што двапати беше нарушен јавниот ред и мир, дознава „Република“ од извори во МВР.
Покрај извештаите на присутните полициски претставници, на одлуката за тоа кој ќе добие кривични или прекршочни пријави ќе влијаат видеоснимките направени од страна на полициски службеници кои цело време го снимаат настанот, но и од видеоснимките што се емитувани на телевизиите и на интернет-порталите.
Овие материјали подоцна треба да бидат употребени и на евентуалното судење. Сѐ уште нема никаква информација колкумина прекршители на законот ќе бидат гонети во случајот „Општина Центар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со среќа новата учебна година: Општина Центар вратете ни ги тротоарите и исчистете ги улиците!
-
Жерновски: Чудна правда, Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27 април
-
Општина Центар го урива Урбан парк на Јужен булевар, полицијата ги иселува дивовселените
-
Андреј Жерновски влезе во Владата: Ова се новите заменици-министри!