| четврток, 6 декември 2018 |

Футсал верзијата на Кире Лазаров стана хит во Аргентина: Пенал трик за кој нема одбрана (видео)

Кире Лазаров е познат како неверојатен ракоментен „бомбардер“ за кој противничките одбрани и голмани едноставно немаат решение, но не секогаш употребата на силата е одлика за нашиот најдобар ракометар кој е запознаен и ги практикува сите ракометни финеси.

За сите нас кои редовно ги следиме сите настапи на Лазаров, добро познато е дека десниот бек често знае да ги изненади противничките голмани со лажно движење пред изведувањето на седмерците, а за нашата редакција посебно интересно стана едно видео кое стана апсолутен хит во Аргентина.

Во истото е прикажан еден футсал трик во стилот токму на нашиот ракометен мајстор Кире Лазаров, а херој во дадената ситуација е Брајан Габриеле кој со својата финта го остави голманот без одговор, како што тоа и обично го прави нашиот капитен.

Извор: derbi.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top