| четврток, 6 декември 2018 |

Конечен биланс: Двајца убиени и шестмина ранети во нападот во Финска

Две лица се убиени, а шест други се ранети денеска кога маж вооружен со нож нападна минувачи на плоштадот „Путори“ во центарот на градот Турку, во југозападниот дел на Финска, соопшти финската полиција.

Полицијата на својот налог на Твитер објави дека полицајци го раниле напаѓачот во нозете со истрели од огнено оружје и го уапсиле.

Според полицијата, засега не се познати мотивите за нападот, како и дали станува збор за тероризам.

Во полициското соопштение се наведува дека „во тек е потрага по други можни напаѓачи“ и им се препорачува на граѓаните „да го избегнуваат центарот на градот“.

Финската национална телевизијата „Иле“ јави дека во Турку во тек е полициска операција, дека центарот на градот е блокиран, како и дека се слушаат истрели.

Би-Би-Си јави дека полицијата спровела евакуација на жителите на неколку згради во реонот околку плоштадот.

– Владата внимателно ги следи случувањата во Турку и полициската операција која е во тек. Владата ќе одржи седница подоцна во текот на денот, објави финскиот премиер Јуха Сипила на својот налог на Твитер.

Поради инцидентот во Турку, засилени се безбедносните мерки на аеродромот и железничките и автобуските станици во Хелсинки.

Во 2012 година тогашниот фински премиер Јирки Катајне избегна напад со нож во Турку за време на кампањата за локалните избори, Напаѓачот беше човек со психички проблеми, против кого не беше покренато обвинение

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top