Талат Џафери го оправда незаконското гласање на пратениците на парламентарното мнозинство така што го изманипулира Законот за Собрание.
И покрај мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата каде се посочува дека не смее да има разрешување или менување на функционери назначени од Собранието или од Владата, сепак Џафери продолжи со седницата притоа цитирајќи го членот 2 од Законот за Собрание, во кој е пропишано дека пратениците не можат да бидат повикани на одговороност за гласање.
„Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или гласање во Собранието“, читаше Џафери.
Тој исто така, посочи и дека Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршењето на функцијата пратеник, со што ги амнестира пратениците кои незаконски со 64 гласа ЗА изгласаа смена на јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)