| четврток, 6 декември 2018 |

Убивал за Тито, а умре во беда на таван на напуштена зграда

И покрај тешките животни услови, речиси без никакви права, 43 години непрекинато живеел во Амстердам. За време на издржувањето на затворската казна, напишал мемоари кои издавачите му ги објавиле под наслов "Титов таен агент#, а потоа објавил уште неколку интригантни наслови за подземјето и работата на тајните служби

Бившиот таен агент и шпион на Јосип Броз Тито, познат како Карате Боб, Слободан Митриќ побегнал од СФРЈ откако одбил да изврши едно убиство во тогашна Југославија. Умрел во Амстердам во ноември минатата година. Митриќ стигнал во Холандија во 1973 година кога во Амстердам, за Божиќ, уби тројца Срби заради што беше осуден на 13 години затвор.

Иако полицијата официјално наведе дека во прашање е пресметка на подземјето, Карате Боб, како што го викаа заради владеењето со оваа боречка вештина, тврдеше упорно дека станува збор за професионална задача на еден таен агент.

По издржувањето на затворската казна, не се врати во тогашна Југославија заради процена дека би можел да биде убиен, но Холандија го прогласува за “непожелен странец”.

И покрај тешките животни услови, речиси без никакви права, 43 години непрекинато живеел во Амстердам. За време на издржувањето на затворската казна, напишал мемоари кои издавачите му ги објавиле под наслов “Титов тајни агент”, а потоа објавил уште неколку интригантни наслови за подземјето и работата на тајните служби.
Во книгата е претставен како југословенски Џејмс Бонд и во неа подробно објаснува како за потребите на југословенската тајна служба ликвидирал “мети” во државите на Источниот блок, во Франција, Шведска и Белгија и пред чиј шарм жените никогаш не останувале рамнодушни.


Од смртта на неговата партнерка во 2006 година, холандските власти одбиле да му доделат било каква социјална помош, сместување и здравствена заштита. Интересен е податокот дека дури и кога се венчале, Митриќ немал пари, па церемонијата во градското собрание била одржана во понеделник, кога венчавањето на двојките било бесплатно.
Митриќ никогаш не ги признавал ликвидациите, односно ги признавал, но со овие зборови: “Не сум убил никого. Само ликвидирав државни непријатели и криминалци”.
За да преживее, во Холандија објавил неколку книги и драми, меѓу кои и “Бој на Косово”. Сакал во 1992 година да им се придружи на српските паравоени сили, но не се осмелил да се врати на територијата на бивша Југославија, па останал во Амстердам. Таму, во текот на 1992 година печател летоци преку кои повикувал на “одмазда против непријателите на Србија”.
Кога министерот Герд Лирс одлучил во 2012 година да го депортира во Србија, Митриќ веќе бил тешко болен. Последните денови ги поминал на таванот на една напуштена зграда и во тешка состојба пренесен е во болница каде набрзо и починал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top