Немања Обрадовиќ има валиден договор со Металург на уште една сезона и нема да може да се пресели во Висла Плоцк, под услов доколку полскиот вицепрвак не исплати отштета на клубот од „Автокоманда”.
Вака гласи одлуката на Арбитражата на ЕХФ, која утврдила дека трансферот на српскиот бек е невалиден и истиот може да се реализира само со „зелено светло“ од раководството на македонскиот вицешампион. Арбитражата се прогласила ненадлежна за утврдување на сумата што Полјаците треба да ја платат, порачувајќи им на клубовите да најдат заеднички јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.