| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Вашите кадровски решенија граѓаните ги раскажуваат како анегдоти (Видео)

Јас би сакал да раскажам две работи кои ги дознав овие денови, а се реални и вистини, се случиле. Во една јавна институција доаѓа член на управен одбор назначен од СДСМ и оди кај директорот предходно назначен од ВМРО-ДПМНЕ и му вика помина рокот, помина 6-ти, но дали ти имаш проблем, ние сега на 12- ти август да одржиме седница, а датумот да го заведеме дека сме одржале седница на 5-ти август. Оваа е реалност и постојат и сведоци и сето тоа, подвлече пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски на денешната седница во Собранието на Република Македонија каде на дневен ред е разрешување на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.

– Директор на една иституција издава решенија со датум од 5-ти август, исто така за да го затекне овој рокот пред 6-ти август, кога господинот Џафери ги распиша изборите, а неговиот потпис во централен регистар е заведен на 8-ми август, ама он ги издава решенијата како да имал право да ги издава на 5-ти август. И сето тоа кога ќе го поврзам со други случувања, кои се случуваат, гледам дека станува збор за едно грубо однесување и на крај на краиштата дури овие оставки од сабајле што ги чувме од Лешовски и Зиков, на човек криво да му дојде со оглед на тоа дека лично ги познавам и дваицата, па и добри решенија беа и Зиков и Лешовски, рече Димовски и додаде:

– На крај на краиштата има покатастрофални случаеви, не знам дали знаете дека на ,,Државната Академија за спорт”, знаете што значи акедемија тука има и професори на факултети, барем двајца гледам пред мене. На Академија за спорт за Директор е назначен е професор по историја. Во „Танец“ назначен е градежен инжинер. За Претседател на надзорен одбор на инвестиција од 150 милиони евра, назначенено е лице со средно образование, со предходно работно искуство како кувар.

– Така да, додаде тој, сето оваа покажува дека не е во прашање ни Марко Зврлевски, ни како што викаше Артан Груби, Марко ќе тргнеме, Дарко ќе го ставиме, туку во прашање е грубо непочитување на закон, газање и по закон и по принципи и по правила и на општеството и на држава и на се. Веќе луѓето тоа го перцепираат како анегдоти кои ги раскажуваат, и се навикнати дека секое назначување е спотивно од закон, посочи Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top