| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ ги избра првите пет кандидати за градоначалници за локалните избори

Мицкоски вели дека изборот на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори се темели на професионалните и лични карактеристики на кандидатите, нивната одговорност и посветеност кон работата, поддршката која што ја имаат меѓу граѓаните во општините во коишто живеат, како и угледот и кредибилитетот кој ќе гарантира спроведување на една одлично подготвена и сериозна програма наменета за таа општина

Марјан Бајрактаров орален хирург за Струмица, за Петровец Борче Митревски, Славчо Чадиев за Велес, Тони Затковски за Кривогаштани и Зоран Ѓорѓиевски за Куманово се кандидатите за градоначаници со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на локалните избори во овие општини.

-ВМРО-ДПМНЕ е во полна кондиција заокружувајќи ги своите подготовки за нова голема победа. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да ги предложи на Централниот комитет следните кандидати за градоначалници: За Струмица Марјан Бајрактаров, орален хирург, почитува граанин на струмичани, долгогодишен партиски активист, член на општинскиот комитет и на ЦК, за Петровец Борче Митревски – актуелен градоначалник, Славчо Чадиев за Велес актуелен градоначник, за Кривогаштани Тони Затковски актуелен градоначалник и за Куманово Зоран Ѓорѓиевски хирург, актуелен пратеник во Собранието и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, истакна на денешната прес конференција генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски.

Мицкоски вели дека изборот на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори се темели на професионалните и лични карактеристики на кандидатите, нивната одговорност и посветеност кон работата, поддршката која што ја имаат меѓу граѓаните во општините во коишто живеат, како и угледот и кредибилитетот кој ќе гарантира спроведување на една одлично подготвена и сериозна програма наменета за таа општина.

-Програма на која што работат врвни експерти од земјава и од странство, програма која се базира на реалните потреби на граѓаните и има за цел подобрување на нивното секојдневие, инфраструткура и стандардите на живот. На овие локални избори граѓаните ќе одлучуваат не само за локални теми туку тие се веројатно последна шанса за да биде запрена оваа екскурзија наречена СДСМ и да ги казнат овие катастрофални месеци на Македонија за економско уназадување, национални порази и понижувања, погубни политики по однос на клучните и стратешките прашања за државата, посочи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Кога на јавноста и објаснувавме дека се потребни 63 пратеници за да не се случи овој ужас кој сега и се случува на државата, вели Мицкоски, некои веројатно имаа и дилеми на таа наша констатација. Овојпат повторно и конечно алармираме: почитувани, моќта е во вас, граѓаните на Република Македонија. Само вие со пенкалото во рака на гласачкото ливче може да ја запрете оваа деструкција и изживување врз Македонија и само вие сте тие кои можете да одберете меѓу работа, посветеноста и достоинството, наспроти она што и се случува сега на Македонија, а тоа е неспособност, хаос и понижувања.

-Нашите градоначалници ќе работат посветено и одговорно кон сите реални секојдневни потреби на граѓаните. Во тоа бидете убедени, нашите дела, конкретни мерки и проекти и досега се реализираа на државно и локално ниво, и се доказ дека само работата е таа која што движи напред и која што може да придонесе кон подобро утро. И вие знаете дека на нас секогаш можете да се потпрете, заклучи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top