Пред утрешниот дуел од квалификациите за Лигата на Европа против Вардар, поранешниот француски репрезентативец, Матие Валбуена испрати порака до навивачите на Фенербахче пред тргнувањето на турскиот тим за Скопје.
– Одиме за Скопје на првиот меч против Вардар. Ни треба вашата поддршка утревечер. Каде и да сте сакаме да ве слушнеме, напишал Валбуена на Твитер.
Турците во текот на денешниот ден треба да пристигнат во Скопје за утрешниот прв меч од 20 часот на „Филип Втори“ арена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Искри на теренот на Фенербахче: Јаховиќ гради в гради со Шкртел, Демирел го фати Македонецот за врат (видео)
-
Ќе мора да почека за дебито во Фенер: Елмас во јануари заминува на позајмица?
-
Елмас сепак ќе мора да чека до јануари – Турците не ја уважија одлуката на ФИФА
-
ФИФА даде зелено светло: Фенербахче може да го регистрира Елмас