| четврток, 6 декември 2018 |

Грозоморно убиство во Велес: Го убил соседот со чекан, па објавил на Фејсбук!

Велешанец со чекан го убил соседот, а тешко повредил уште неколкумина од истото семејство.

Тој го признал убиството откако објавил на социјалната мрежа Фејсбук дека „ги убил монструмите“. Убиството се случило утринава во 2 часот по полноќ. Осомничениот убиец е приведен и од страна на надлежен обвинител до Основен суд – Велес ќе биде доставен предлог за определување на мерка притвор против него.

Убиството се случило кога 46-годишниот С.В. со тврд предмет, најверојатно чекан, ја скршил влезната врата на неговите соседи, влегол во собата каде спиела ќерката и ја удрил со чекан по глава при што ја повредил. Во тој момент во собата влегле родителите на девојката, па осомничениот и нив ги удрил со чеканот по главата, нанесувајќи им тешки телесни повреди, од кои подоцна таткото починал.

По викотниците за помош, во собата дошле и братот на починатиот со сопругата, кои живееле на другиот кат од куќата, па осомничениот со чеканот и ним им нанел тешки телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top