| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Лешоски се повлече од СВП

Поетот Дарко Лешоски, кој деновиве беше назначен за нов претседател на Управниот одбор на поетскиот фестивал Струшки вечери на поезијата, се повлекува од функцијата.

Тој ја соопшти својата одлука во интервју за „Дојче веле“ во кое вели дека останува отворен за секаква помош за враќањето на некогашната слава на поетскиот манифестацијата.

Откако беше назначен на функцијата, Лешоски беше мета на жестоки критики во јавноста во поглед на тоа дали е дораснат за улогата што му е доделена, и најмногу за поранешниот однос што го имаше кон оваа манифестација.

– Ги слушнав сите мислења и сите ги почитувам. Се повлекувам и се откажувам од претседателствувањето со Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Се заблагодарувам на укажаната доверба и останувам посветен на мојот примарен ангажман во Сервисот за односи со јавност на Владата – вели Лешоски во интервјуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top