| четврток, 6 декември 2018 |

Уште едно супер-засилување за Евертон: Сигурдсон пристигнува на „Гудисон парк“

Исландскиот интернационалец, Гулфи Сигурдсон утре ќе ги помине медицинските прегледи во Евертон откако тимот на Роналд Куман го договори трасферот за играчот на Свонси. Претходните две понуди на Евертон беа одбиени, но денеска Свонси прифати обесштетување од 45 милиони фунту, што е нов клупски рекорд за тимот од Ливерпул. Сигурдсон не настапи викендов против Саутемптон во очекување на трансферот.

27-годишникот треба да дебитира за Евертон во понеделник на дуелот со Манчестер сити. Сигурдсон ќе биде петто засилување за Евертон летово по Џордан Пикфорд, Мајкл Кин, Дејви Класен и Вејн Руни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top