По наредба на јавниот обвинител на телото на убиениот сопственик на ресторанот „Аква блу“ во Струга ќе се изврши обдукција, соопшти денеска Основното јавно обвинителство. Оттаму посочуваат дека интензивно се преземаат мерки и активности за откривање на сторителот на кривичното дело.
Дежурен јавен обвинител од струшкото Јавно обвинителство заедно со увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Охрид – Полициската станица Струга вчера извршил увид на лице место каде што беше убиен сопственик на ресторан.
Според првичните информации, како што е наведено во соопштението, убиството околу 17 часот го извршил непознат сторител со истрели од огнострелно оружје, на терасата на ресторанот „Аква блу“ во Струга.
Од лице место се подигнати траги и веднаш се дадени на вештачење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дилавер Бојку оставил аманет пред неговата смрт: Кој и да го убие, на тоа да се заврши
-
Убиецот неколку пати бил во неговиот ресторан: Ја испил пијачката, бил до тоалет, па го застрелал Бојку во глава
-
Убиството на неговата помала сестра било предупредување: Сите мислеле дека е само чистачка, се додека Бојку не дошол по нејзиното тело
-
Кој беше Дилавер Бојку – Леку: Живеел како крал, имал три жени, неколку љубовници и над 200 робинки