| четврток, 6 декември 2018 |

ОЈО го расветлува убиството на Дилавер Бојку Леку

По наредба на јавниот обвинител на телото на убиениот сопственик на ресторанот „Аква блу“ во Струга ќе се изврши обдукција, соопшти денеска Основното јавно обвинителство. Оттаму посочуваат дека интензивно се преземаат мерки и активности за откривање на сторителот на кривичното дело.

Дежурен јавен обвинител од струшкото Јавно обвинителство заедно со увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Охрид – Полициската станица Струга вчера извршил увид на лице место каде што беше убиен сопственик на ресторан.

Според првичните информации, како што е наведено во соопштението, убиството околу 17 часот го извршил непознат сторител со истрели од огнострелно оружје, на терасата на ресторанот „Аква блу“ во Струга.

Од лице место се подигнати траги и веднаш се дадени на вештачење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top