Убиството на Дилавер Бојку-Леку, извршено на 14 август годинава во неговиот ресторан на струшката плажа „Аква блу“, сѐ уште ја бранува јавноста. Во недостиг од официјални сознанија од истрагата, нашите извори од Струга, исклучително блиски до семејството на починатиот, ни пренесуваат дека сепак некои почетни информации се потврдуваат, односно полека се отвора патот за откривање на извршителот, но и на организаторот и на нарачателот на убиството, пишува Нова Македонија.
Според извори на весникот, Дилавер Бојку бил свесен дека му се подготвува ликвидација и дека му се ближи крајот. Поради тоа им оставил аманет на својот брат и на синот – кој и да го убие, на тоа да се заврши. Да не се продолжи од страната на кланот на Бојку традицијата на пресметки по какви било основи или мотиви.
Дилавер Бојку сакал самиот да стави точка на крвопролевањето, а во „аманетот“ тој го авансирал својот живот. Самиот Бојку, при доверувањето на ваквото становиште на своите најблиски соработници, потпирајќи се на својата чест, како глава на семејството, дури побарал и ветување дека тој ќе биде последната жртва од неговото семејство. Едноставно, човекот што живеел бурно и видел и преживеал секакви ситуации, како да се уплашил дека синџирот на одмазди и на нови жртви ќе продолжи до бескрај, независно дали ќе биде тоа пресметка со некое друго семејство или, пак, со некои криминални структури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Струга почнува неделата посветена на јубилејот „90 години музеј Д-Р Никола Незлобински“
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Црн Дрим се дави во ѓубре