Мик Шумахер веќе е добро познат во светот на автомобилизмот, не само поради тоа што му е син не легендарниот Михаел, туку и поради резултатите кои ги постигнуваше во сериите во кои настапуваше изминативе години.
Во моментов тој е дел од Формула 3 шампионатот, но барем за кратко ќе ја почувствува Ф1 магијата и ќе го вози болидот на Бенетон со кој неговиот татко беше шампион во 1994 година.
Пред трката за ГН на Белгија, Мик Шумахер ќе се појави со Бенетон-Форд болидот на патеката Спа и ќе извози круг во чест на првата Формула 1 победа на Михаел која се случи пред 25 години, поточно на 30. август 1992 година. Шумахер оствари 91 победа и освои седум Ф1 титули во кариерата, а дебитантската победа ја оствари уште кога Мик не беше ни роден.
Денеска, Шумахер постариот се уште се опоравува од последиците од несреќата при скијање во 2013 година, а семејството избегнува да објавува детали за неговата состојба.
Извор:Дерби
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент во Ф1 на тренингот: Сè уште нема информации за состојбата на возачот и на стујардите покрај патеката
-
Трагедија пред Божиќ: Во сообраќајна несреќа почина пријател на еден од најпознатите возачи на Формула 1
-
Убедливи на врвот: Нова „еден-два“ победа за Мерцедес
-
Ослободена киднапираната баба на Еклстон