| четврток, 6 декември 2018 |

Убедливи на врвот: Нова „еден-два“ победа за Мерцедес

formula

Тимот на Мерцедес пред две седмици ја освои третата шампионска титула во конкуренцијата на конструктори, а за време на викендот минат во остин Тексас уште еднаш докажа дека титулата е сосема заслужена. Луис Хамилтон ја освои својата 50. победа во најбрзиот циркус во светот и воедно ги предводеше „сребрените стрели“ до нова „еден-два“ победа на трката за Големата Награда на САД пред Даниел Рикардо кој го дополни подиумот покрај двајцата возачи на Мерцедес.

Вообичаено на почетокот на трката во Остин се случува хаос на првиот свиок, но оваа трка не беше таква. Хамилтон мирно го поведе гридот зад себе оставајќи ги тимскиот колега Розберг и двоецот од Ред Бул. Неколку свиоци подоцна, Рикардо го мина Розберг за втората позиција, но успеа само накратко да ја задржи.

Интересна битка се водеше за деветтото односно десеттото место каде Батон и Гутјерез наизменично ја менуваа позицијата. Естебан Гутјерез сакаше да докаже дека неговиот тим (Хаас) е добар домаќин, но во таа намера не успеа. Неговиот болид загуби моќ и тој беше приморан да ја заврши трката предвреме. Слична судбина го снајде и Макс Верстапен во 31. круг до кога тој се бореше за место на подиумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top