Апаресида Шунк (67), мајката на сопругата на првиот човек во Формула 1 шампионатот, Берни Еклстон, која беше киднапирана пред 10 дена од нејзиниот дом во бразилскиот град Сао Паоло, е ослободена без никаков откуп, соопшти денеска локалната полиција.
Како што јави Би-Би-Си, мајката на Фабијана Флоси, сопругата на Еклстон, беше киднапирана предминатиот петок, а грабнувачите бараа откуп од 36,5 милиони долари.
Екелстон непријатните вести ги добил додека престојувал во Велика Британија. Тој им предложил на властите во Сао Паоло да долета во Бразил, со цел да помогне во истрагата, но бил советуван – тој и неговата сопруга да останат во Обединетото Кралство.
Шунк била држена во заложништво во една фарма во близина на Сао Пасоло. Таа е лоцирана со помош на следење на повиците од грабнувачите.
– Спроведовме голема полициска акција за ослободување на жртвата. Двајца осомничени се уапсени, а жртвата не е повредена, соопшти Елизабете Сато, претставничка на полицијата во Сао Паоло.
Богатството на Берни Еклстон се проценува на 3,1 милијарди долари и со тоа е еден од најмоќните луѓе во светот на спортот. Тој се ожени со Фабијана Флоси во 2012, три години откако ја запозна на бразилското „Гранд При“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент во Ф1 на тренингот: Сè уште нема информации за состојбата на возачот и на стујардите покрај патеката
-
Трагедија пред Божиќ: Во сообраќајна несреќа почина пријател на еден од најпознатите возачи на Формула 1
-
Синот на Шумахер ќе го вози шампионскиот болид на својот татко во Белгија
-
Берни Еклстон потврди: Си одам од Формула 1


