Обидот на жителка на американскиот град Остин да паркира во катна гаража за малку ќе завршеше трагично. На социјалните мрежи се појави видео, на кое се гледа како нејзиното возило паѓа од голема височина и за малку ќе смачкаше друг автомобил.
Вилијам Бирч, кој возел Шевролет Тахое раскажува дека веднаш штом слушнал бучава над главата, сфатил дека треба да се премести од местото на кое се наоѓал, пишува „Дејли Меил“.
– Прозорецот ми беше отворен и слушнав некаква бучава, се оддалечив и во тој момент колата слета врз задниот дел на мојот автомобил, изјави Бирч за британското издание.
Еден од полицајците кои пристигнале на местото на настанот, истакна дека ако возачот не го направил спасувачкиот маневар, возилото на жената ќе слетало врз неговата глава. Жената која паднала од седмиот кат преживеала и сега се наоѓа во болница. Таа најверојатно ги згрешила педалите за сопирачката и гас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.