| четврток, 6 декември 2018 |

Со ова овошје може да заработите и по 30 илјади евра

Во соседна Србија освен малини, голем број овоштари засадуваат боровница и јаболка, но и јагоди.

Овоштарите кои пред 15 години ги засадиле овоштарниците сега ги собираат плодовите од својата работа.

Јаболката велат дека ако имаат добар род и ако се од добра сорта, можат да донесат и приходи од 30.000 евра.

Боровницата може да роди 15 тони по хектар, а во најлош случај килограм чини 2 евра.

Во некои случаи при извоз, Србите велат дека килограм боровница може да чини и 6 евра.

Додаваат дека со знаење, стручност и нова технологија мора да има видливи резултати и работата да донесе пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top