| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантни сцени од маршот на расистите, прогласена е вонредна состојба (видео)

Во Шарлотсвил, Вирџинија, САД е прогласена вонредна состојба пред почетокот на маршот кој го предводат бели националисти.

Состојбата е многу тензична, бидејќи се очекува стотици луѓе да се приклучат на “Unite the Right” (Соедини ја десницата) маршот, против планот да се отстрани споменик на генералот Роберт Е Ли од Шарлотсвил, кој ги водел силите на Конфедерацијата кои сакале да го задржат ропството во Граѓанската војна во САД.

Во петокот, групата демонстирала со факли и пеела „Белите животи значат“, додека марширале низ Универзитетот на Вирџинија и во градскиот центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top