Петер Мадсен (46), сопственик на една од најголемите приватни подмирници, уапсен е во копенхаген по хаварија на неговата подморница во Балтичкото Море во петокот наутро.
Една вечер претходно Мадсен влегол во подморницата заедно со шведска новинарка која прави репортажа за него, пишува Телеграф. Таа исчезнала без траг, па полицијата се сомнева дека Мадсен ја убил, па ја потопил подморницата за да го прикрие убиството. По апсењето тој на полицијата ѝ изјавил дека не ја убил новинарката, туку ја истоварил во близина на ресторан на еден остров, неколку часа пред потонувањето.
Пред да биде уапсен Мадсен дал изјава и за телевизиите со објаснување зошто потонала неговата подморница UC3 Nautilus. Рекол дека се појавиле проблеми со баластот кои по неколку минути се искомплицирале и тврди дела едвај усеал да се извлече од подморницата која завршила на дното на морето во рок од половина минута.
Момчето на новинарката во петокот утрото го пријавило исчезнувањето на својата девојка и на подморницата и два хеликоптера и три полициски брода веднаш пошле во потрага. Портпаролот на данската морнарица прво изјавил дека ја пронашле подморницата како плови јужно од Копенхаген, но подоцна утврдиле дека е потоната.
Сестраниот претприемач Мадсен стана медиумска ѕвезда во 2008 година кога ја изгради UC3 Nautilus заедно со група волонтери За неа потрошил скромни 200.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка