Октомври 19992, војната во Босна. Се среќаваат двајца војници, едниот Бошњак, другиот Србин. Бошњакот Даут е побрз и го „убива“ Србинот Дане. Четиринаесет години подоцна Даут го препознава Дане во кафуле: „Јас те убив!“, му вели. „Како си ме убил, гледаш дека сум жив.“
„Војната заврши. Даут преживеа. Го преживеа и пеколот во Сребреница. Неколку години помина во Шведска, но се врати. Купи куќа во Бреза кај Сараево, но подоцна се врати во своето Скелане на Дрина. Отвори фарма за крави, продава млеко и се занимава со земјоделство“, започнува потресната приказна на „Дојче веле“ за војната и нејзините разорени судбини.
Една вечер седнал на кафе во кафеана кога влегува човек, се посздравува со сите и седнува на другата маса. Даут останува без здив.
„Тоа е човекот кој го убив“, му вели на друштвото со кое седи. Му се смеат: „Како си го убил кога гледаш дека оди, жив е“. Не може да верува и му приоѓа на непознатиот човек: „Јас те убив“. Човекот се смее: „Како си ме убил, гледаш дека сум жив““.
Го нема ни српскиот војник, ја нема ни пушката
„Со семејството избегавме од родното Скелане, на брегот на Дрина, во планина, во селото Михољевине. Мислам дека беше октомври 1992 година. Дознавме дека Србите се подготвуваат да ги нападнат селата Јошева и Јагодња. Тргнав со неколку војници да им помогнеме на мештаните на тие села. Од една височина гледав како српските војници се распоредуваат за напад. Одеднаш неколку метри пред мене, како од земја изникна српски војник, беше клекнат, се исправаше со пушка во рацете. Пукав рафално, го погодив во градите. Падна на грб. Бев убеден дека е мртов, добро му се загледав во лицето. Почна да се пука долу околу селото. Бидејќи не видов други војници, тргнав долу со намера на враќање да да му ја земам пушката на овој што го убив. Борбата не траеше долго, го одбивме нападот на селото, зашто не успеаја да не изненадат поради тоа што запукав. На враќање видов дека ги нема ниту војникот ниту пушката, но помислив дека го извлекле неговите. Тој беше од некоја специјална едица, се гледаше по униформата“, раскажува Даут Тихиќ.
Дане Васиќ или „убиениот“ сфаќа дека приказната е вистинита, станува сериозен, но мразот меѓу нив се топи кога Даут му вели дека искрено му е мило што е жив, дека не го убил и дека не мора да го носи на душа. Официјално се запознаваат, а како што е редот, го запечатуваат пријателството со по една лута ракија.
„Поради постојаните напади на тие села, планиравме акција, а бидејќи јас го познавам теренот, тргнав во извидница. Ги имавме сите потребни информации и акцијата требаше да биде рутинска. Во еден момент нешто крцна покрај мене. Се завртев и гледам човек со пушка вперена кон мене. Поради сличните униформи во прв момент не бев сигурен дали е наш или нивни. Тој момент на неодлучност беше пресуден да биде побрз инаку јас него ќе го убиев. Не сушнав истрел, но видов дека вибрира цевката на неговата пушка. Почувствував силен удар кој ме отфрли наназад неколку метри и повеќе не се сеќавам. Кога си дојдов при себе, дознав дека моите ме извлекле, видов оштетен панцир кој ги запрел куршумите и распрачен кундак. Тоа ме спасило. Сум имал среќа да останам неповреден“, раскажува Дане Васиќ.
Пријателство и заеднички вложувања
По средбата во кафеаната Даут и Дане станале пријатели, па дури почнуваат и заедно да работат и да прават планови за идината – да вложуваат во заеднички бизнис.
Дане живее во селото Бајна Башта, од другата страна на Дрина. Собира лековити билки, шумско овошје и лодови, има сопствен ладилник и синџир продавници за сувенири.
„Планиравме да отвориме заедничка фирма која ќе ги поврзе нашите две работи, земјоделството и билкарството. Имаме проект, планираме да отвориме и погон. Во моментов имаме административен проблем поради политичките превирања во локалната администрација“, вели Дане, сигурен дека на крајот ќе успеат.
-Мислам дека некому не му се допања нашата соработка и нашиот однос. Помило ќе им биде да се караме и секој да живее со своето национално убедување за полесно да не раскаруваат, вели Даут.
По приказната на Дане и Даут е снимен документарниот филм „(Не)пријатели“, кој ќе биде промовиран на 13 август на Сараевскиот филмски фестивал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србин на Малта со нож го нападнал милионерот Хуго Четкути (видео)
-
Македонец од Виена и Србин од Марвинци шверцувале антички монети и артефакти со непроценлива вредност
-
Србин и Хрват ортаци во криминал: Преку лажна веб страна измамиле полска фирма за 100 000 евра
-
Србин сакал да влезе во Македонија со украден пасат