Хрват (34) и Србин (30) направиле лажна веб страница на постоечка австриска фирма преку која договориле да купат 110 тона ПВЦ пластична фолија која се користи во градежништво. Вредноста на робата била нешто повеќе од 100 000 евра, а ја „купиле“ од една полска фирма.
Со Полјаците договориле одложено плаќање, а потоа најмиле камион со требало да ја однесе робата во „Австрија“. Сепак, наместо во Австрија, камионите завршиле во Марија Бистрица во Хрватска, каде фолиите биле складирани во еден магацин. Ортаците веднаш успеале да продадат дел од робата, но хрватската полиција го нашла остатокот и го запленила.
Србинот е уапсен, а по 34-годишниот Хрват се уште се трага. Исто така приведен бил и купецот на дел од робата, бидејќи полицијата претпоставува дека тој знаел дека фолиите биле украдени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.