| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер во полуфиналето во Монтреал

Роже Федерер останува на добар пат да ја крене својата 27. Мастерс 1000 титула, откако влезе во полуфиналето на Роџерс купот со лесна победа во два сета над Роберто Баутиста Агут.
Швајцарскиот тенисер, кој неодамна стигна до својот 19. гренд слем турнир на Вимблдон со 6:4/6:4 го победи Баутиста Агут во едностран меч кој траеше само 1 час и минути. Со седмата победа едноподруго против Шпанецот, Федерер го подобри скорот во 2017 на неверојатни 34-2 со пет титули.

Шампионот од 2004 и 2006 година од Роџерс купот ќе се бори со Холанѓанецот Робин Хасе, кој се врати од сет негатива за 4:6/6:3/6:3 победа над Аргентинецот Диего Шварцман.

Во второто полуфинале ќе се сретнат двајца млади тенисери. Домашниот фаворит Денис Шаповалов по победата над Рафа Надал, со 2:6/6:3/6:4 беше подобар од Французинот Адријан Манарино, додека Алекс Зверев ја продолжи импресивната серија со 7:5/6:4 победа над Кевин Андерсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top